Во чест на Светата Преподобна мајка Параскева – Петка денеска се отслужи Акатист со петолебие во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија и помазание со миро од Јаши (Романија) каде што почиваат моштите на Света Петка.
Света преподобна Петка се смета за заштитничка од разни болести и несреќи, заштитничка на сиромашните, болните, заборавените, поради што народот уште ја нарекува и мајка Параскева.
Во нејзина чест утре 27 октомври во црквата „Свети Спас“ во Гевгелија ќе се одржи Света Божествена литургија.
Нека биде мирен и здравоудобен Петковден во чест на преподобна Параскева. Света Петка нека донесе Здравје, Среќа, Спокој, Љубов, Мир и Слога во секоја душа!




















