Со завршувањето на учебната година и салдирањето на успехот на учениците образовните институции имаат една горда задача – да го определат првенецот на генерацијата која го завршува своето образование со крајот на учебната година.
Според Правилникот за избор и прогласување на ученик на генерацијата во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, Комисијата достави предлог, кој беше усвоен на Наставнички совет, така што ученичката Златка Петрова е избрана за првенец на генерацијата 2019-2023 год.
Класен раководител во текот на четиригодишното средно образование и беше професорката по биологија Лилјана Андонова.
Во текот на средното образование Златка Петрова имаше одличен континуиран успех, примерно поведение, активности во училиштето и локалната средина, учество на натпревари, конкурси и манифестации, и други вонучилишни и хуманитарни активности, освоени награди, признанија и пофалници.
Освен континуираното учество на натпреварите по хемија, математика, географија, физика и биологија (од кои би издвоиле прва награда по географија на регионален натпревар, како и две втори места по хемија регионален натпревар), ученичката има голем успех на државно и меѓународно ниво од областа на поезијата и прозата, под менторство на професорката Бисерка Макревска.
Од повеќето СОУ „Ј.Јосифовски“ ги издвојува следниве награди:
– ТРЕТА награда за најдобра поетска творба на Меѓународната поетска манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа“ 2020 год.
– ВТОРА награда за најдобра поетска творба „Кула во сонот“, на Државниот годишен конкурс на друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ -Струмица 2021год.
– Наградена поетска творба на Меѓународната манифестација „Охридски поетски бисер“ 2021год.
– Награда за поетска творба на тема „Учителот“ при Педагошки факултет -Битола 2022год.
Исто така, ученичката Златка Петрова оствари активното учество на:
– Меѓународниот книжевен конкурс „Рукописи 44“ 2021 год.,
– учество на Меѓународна манифестација „Пролет на сребрените соништа“ 2021 год.,
– Државниот конкурс за средношколски есеи при „Меѓународниот лавјански Универзитет“ во Св. Николе континуирано во годините 2020, 2021 и 2023 год. и,
– учество на Меѓународна манифестација „Замокот на Дуино“ во Трст, Италија 2023 год., како и,
– активното учество на Меѓународната Олимпијада по финансиска математика и актуарство ОФМА 2021 и ОФМА 2022 год. и уште многу други награди и признанија.
Учење, знаење, успех, 5-ки и многу натпревари од кои Златка понесе признанија и награди, со што со резултати, а на предлог на Комисијата од денеска таа е прогласена за ПРВЕНЕЦ на генерацијата 2019/2023 !
Честитки и успех и понатаму во новите стадиуми на образовен растеж!