Викендов раздвижена мигрантската рута – приведени се пет лица, а 10 се упатени во Прифатен Центар.
На 09.07.2023 околу 12:30 часот во атар на с.Прдејци од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“ е лишен од слобода Л.Д.(29) од Р.Србија.
Тој бил затекнат како на регионалниот пат Негорци – Прдејци во патничко моторно возило „ауди А6“ со српски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти од Сирија.
Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.
За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На тема мигранти уште еден полициски извештај од Гевгелија – приведени се тројца кинези во мосноста „Караорман“
Во саботата, на 08.07.2023 околу 11:30 часот на место викано „Караорман“ полициски службеници од Регионален центар „Југ“ ги привеле Ч.Х.(44), В.Р.(47), Ј.Л.(38) и едно малолетно лице, сите од НРКина, затоа што по извршените проверки во службената евиденција е констатирано дека немаат остварено легален влез во државата, со што постапиле спротивно на Законот за странци, односно незаконски престојувале во државата.
На лицата од полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија им се изготвени решенија за враќање и напуштање на територијата на државата.