Марко Тодорчевиќ од Белград бил на одмор во близина на Лефкада во Грција кога избувнал пожар и го уништил неговиот автомоби „Голф 6“..
Пожарот му го уништил возилото, но зафатил и уште два автомобили, и тоа на еден жител на Нови Сад и еден Македонец.
– „Пожарникарите некако успеаја да го изгаснат пожарот, но нашите автомобили беа целосно изгорени, а тоа беше на приватниот паркинг на вилата. Колите беа паркирани под сенка“ – вели оштетениот Марко.
– „Тоа што се случи е страшно и сите се сомневаме дека пожарот е подметнат. За жал, нема каде да се обратиме. Нивната полиција ни кажа дека пожарот се случил поради лоша инсталација, но тоа според мене е невозможно. Загрижени сме за нашата безбедност. Ова е навистина страшно, но за среќа сè е во ред со нас, иако треба да ја покриеме штетата“, вели Марко за српски „Курир“.
Пожарот избувнал на приватен паркинг во вилата во која биле сместени.
Белграѓанецот соговорник додава дека е среќа што ништо не им се случило и што не се повредени.
– Да чукнеме во дрво, сѐ е во ред, но штетата останува на нас. Преку агенцијата успеавме со автобус да се вратиме дома и сега од Белград се обидуваме да го решиме нашиот случај во Грција – вели младиот белграѓанец, за српски Курир,а видеото од пожарот погледнете го ТУКА.