Традиционалниот турнир во мал фудбал „КМФ МИРАВЦИ“ и годинава традиционално се одзва на хуманоста, организирајќи и крводарителска акција во рамките на турнирот.
На игралиштетто во Миравци додека екипте играа, а публиката ги бодреше, се одзваа и 35 крводарители кои учествуваа во најхуманата акција – крводарителството.
По системот „извлекување на број на крводарителот“ беше избран и најсреќниот крводарител кому му припадна наградата велосипед.
Годинава тоа беше Виктор Вегов.
Акцијата се одржа во петокот во организација на КМФ Миравци, ОО на Црвен крст Гевгелија, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина при Општа Болница Гевгелија. Поддршка во акцијата дадоа волонтери од Клубот на млади при ЦК Гевгелија.
Благодарност за хуманоста на 35-те крводарители. Честитки за добитникот на велосипедот.
Фото: ЦК Гевгелија