Само еден месец откако Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас одиграа историско финале на Вимблдон, овие двајца тенисери вечерва ќе имаат нова пресметка. Србинот и Шпанецот ќе играат во финалето на Мастерс турнирот во Синсинати, а според коефициентите во Sport Life, Ѓоковиќ ја има улогата на фаворит.
Србинот сите четири меча до финалето ги доби без загубен сет, додека Алкарас во сите четири дуели се мачеше и победуваше со 2:1 во сетови. Сепак тоа не мора ништо да значи, затоа што Шпанецот има позитивен биланс против Ѓоковиќ (две победи и еден пораз).
Ѓоковиќ по победата над Зверев во полуфиналето, упати порака и тоа со само еден збор, најавувајќи дека ќе има интересно финале против Алкарас. „Огномет“, напиша Србинот на камерата по победата во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати, потврдувајќи дека се подготвува голема фешта во мечот за трофејот.
Novak Djokovic signs the camera after beating Alexander Zverev:
“Fireworks, yeah”
What else would you sign when fireworks go off as you’re closing out the match? 😂🎆
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) August 20, 2023
За Ѓоковиќ ова беше 1.086 победа во кариерата и се израмни со Рафаел Надал по бројот на триумфи. Пред нив се само Џими Конорс со 1.274 победи и Роџер Федерер со 1.251 победа.
Финалето на Мастерс турнирот во Синсинати се игра вечерва од 22:30 часот.