Планинарот и велосипедист Џоко Ризов од Гевгелија денеска го искачи врвот Ухуру (5.895 м.н.в.) кој се наоѓа на највисоката планина во Африка – КИЛИМАНЏАРО.
Ваков подвиг имаат направено и други планинари од Гевгелија, ама само Ризов тоа го направи со велосипед како пасиониран велоипедист.
За својот подвиг Џоко информираше на социјалните мрежи, пред да успее да се врати во Гевгелија и да ни’ раскаже за својот несекојдневен подвиг.
Од планинарскиот спортски клуб „Двете уши“ од Гевгелија упатија честитки за подвигот на нивниот член со објава на социјалните мрежи со зборовите:
Џоко Ризов денес не направи горди како наш сограѓанин, член на ПСК Двете Уши Гевгелија и член на Гевгелија Точак Клуб.
Со својот точак стигна на највисоката точка – врвот Ухуру (5.895 м.н.в.) на највисоката планина во Африка – КИЛИМАНЏАРО.
Златните медали не се навистина направени од злато. Тие се направени од пот, одлучност и верба.
Честитки златно дете, да ги множиш успесите и личната радост.
Честитки и од нас за постигнатото!