Македонската ракометна репрезентација до 18 години избори пласман на Европското првенство, откако попладнево во „Автокоманда“ го победи националниот тим на Косово со 33-24 (полувреме 15-11).
Одлична партија во репрезентацијата на Македонија имаше Теодор Пецаноски, постигна осум погодоци од исто толку обиди, второ име беше Јован Петрески со шест реализации.
Покрај Македонија, пласман на Европското првенство од истата квалификациска група изборија и Швајцарците кои денес славеа над Словачка со 29-25.
Европското првенство ќе се игра годинава во Црна Гора.