сабота, 5, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Тимот на „Дејли кофи хаус“ победник на турнирот „Стојаково 2023/2024“

Познати победниците на првиот турнир во мал фудбал организиран пред Новата година, а финализиран пред Божиќ, „Стојаково 2023/2024“

јануари 9, 2024
in СПОРТ
Тимот на „Дејли кофи хаус“ победник на турнирот „Стојаково  2023/2024“
0
SHARES
981
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Дваесет екипи од Гевгелија, Богданци, Валандово, Босилово, Стојаково, Фурка, Јосифово, Негорци, Богородица и Еднокуќево зедоа учество на првиот турнир во мал фудбал организиран пред Новата година, а финализиран пред Божиќ, „Стојаково 2023/2024“.

По 25 дневни спортски дуели на теренот од спортската сала „Стефан Мандалов – Манданата“ победник во големото финале е екипата на „Дејли кофи хаус“ од Гевгелија. Тие во големото финале ја победија екипата на месарница „Маја“ од Гевгелија која остана второпласирана. Победникот го доби и победничкиот пехар на турнирот како и парична награда од 120.000 денари. Второпласираните исто така добија пехар за Второ место, диплома за учество и парина награда од 70.000 денари.

Related posts

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Методија Ичев од Богданци истрча  маратонот на Олимп од 44 km

Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

јуни 30, 2025
Победничкиот тим на „Дејли кофи хаус“ од Гевгелија
Победничката радост на „Дејли кофи хаус“ од Гевгелија
Второпласираните од месарница „Маја“

Во победничкиот тим на „Дејли кофи хаус“ беше и Марио Благојевски кој беше прогласен за Најдобар играч на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2023/24“.

Марио Благојевски -Најдобар играч на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2023/24“

Наградата за најдобар голман му припадна на Столе Костадинов од екипата на Месарница „Маја“ Гевгелија.

Столе Костадинов – Најдобар голман на турнирот во Стојаково

Третопласирани на турнирот беа фудбалерите од тимот на „ВИСТОНИ ЖП“ од Босилово, а четвртопласирани станаа „Токи“ од Еднокуќево. Тие беа наградени со дипломи и парични награди од 40.000 и 10.000 следователно.

Спортскиот настан се одвиваше на теренот од спортската сала „Стефан Мандалов – Манданата“ во Стојаково, а го проследија бројни стојачани и публика од околните населени места. Се играше по системот 5 + 1 со футсал топка.


Организаторот се погрижи и за разновидна забавна програма за публиката, настапија КУД „Бранд Петрушев“, младата вокалистка од Стојаково Слободанка Арнаудова, беше организирана томбола и награди за публиката, а за спортско загревање на атмосферата настапија и членовите на Карате клубот „АРМОР“.

Во спортските дуели имаше и категорија за јуниори. Овде победничкиот пехар го освои екипата на Месарница „Купанов“ од Гевгелија. Второпласирана е екипата на „Стокол“ од Гевгелија.

Јуниорскиот победнички тим на месарница „Маја“ од Гевгелија

Турнирот имаше и свои меморијални моменти посветени на истакнатиот фудбалер и тренер на ФК „Пролетер“ од Стојаково Благој Шлепетуров – Жила. Во негова чест и сеќавање се одигра натпревар помеѓу ветераните на ФК „Кожуф“ од Гевгелија и ФК „Пролетер“ од Стојаково. Победи домаќинскиот тим со резултат 5 : 4.

Натпревар помеѓу ветерани – „Стојаково 2023/2024′

Во чест на долгогодишен фудбалер и тренер на ФК „Пролетер“ Б.Ш. Жила публиката во спортската сала „Манданара“ му оддаде едномонутно молчење.

Убави спортски моменти во Стојаково на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2023/2024“. Тоа е карта за нови организирања и традиционални спортски среќавања и догодина, па и до традиционални средби на теренот на.„Манданата“

ShareTweetShareSend
Previous Post

ЛУНА МЕЃУ ГЕВГЕЛИЧАНИ

Next Post

Третиот ден Божиќ одбележан во црквата „Св. Атанасиј“ во Негорци, гевгелиско

Next Post
Третиот ден Божиќ одбележан во црквата „Св. Атанасиј“ во Негорци, гевгелиско

Третиот ден Божиќ одбележан во црквата „Св. Атанасиј“ во Негорци, гевгелиско

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

На ГП „Богородица“ запленети 11.800 долари

На ГП „Богородица“ запленети 11.800 долари

1 година ago
Епов трет на трката „Стани трчај 2023“ во Штип

Епов трет на трката „Стани трчај 2023“ во Штип

2 години ago
„Јостела“ од Гевгелија на саемот „Вкуси ја традицијата“

„Јостела“ од Гевгелија на саемот „Вкуси ја традицијата“

2 години ago
ДЕМАНТ од ЖРК „Гевгелија ЈУГ“

ДЕМАНТ од ЖРК „Гевгелија ЈУГ“

3 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро
  • Гевгелија под сончева опсада
  • НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

јули 5, 2025
Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist