Моќно и самоуверено – така пее новата музичка ѕвезда од југот, младата Слободнка Арнаудова, членка на талентираната група пејачи под менторство на Маја Зафирова.
Дека ѕвездата е родена зборува податокот што Слободанка освои прво место за изведба на меѓународниот фестивал во Велинград, Бугарија, (јули 2023), а во Гевгелија на фестивалот „Вкуси го југот“ (септември 2023) со своето пеење им го „украде“ шоуто на групата ДНК.
Еве ја бестрашната пејачка на високите ноти, со музичкиот потпис на Калиопи, песната „О, Бато“ во изведба на младата Данче.
Ја расцепи ноќта со својот глас на сцената на годинашниот Коледарски Хепенинг.
The star is born! Сега и’ требаат само нови сцени за освојување!