среда, 2, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Над 7.000 ваучери за вградување инвертер-клими за домаќинствата

Објавен е Јавен повик за доделување ваучери за инвертер-клими во вредност од 23.000 до 30.000 денари - мерка кој посебно важи за граѓаните од Гевгелија, Дојран, Богднаци, општините од Југоистокот и за ранивите категории семејства

февруари 2, 2024
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
Над 7.000 ваучери за вградување инвертер-клими за домаќинствата
0
SHARES
567
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Објавен е Јавен повик за доделување ваучери за инвертер-клими во вредност од 23.000 до 30.000 денари – мерка кој посебно важи за граѓаните од Гевгелија, Дојран, Богднаци, општините од Југоистокот и за ранивите категории семејства

Мерката ќе може да ја користат над 7.000 граѓани/семејства, бидејќи е планирано да се доделат над 7.000 ваучери за инвертер-клими со цел зголемување на енергетската ефикасност и намалување на сметките за струја на граѓаните.

Related posts

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

јули 1, 2025
Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

јули 1, 2025

Износите кои ќе ги добие како ваучер едно семејство корисник се 25.000 денри за жителите на Полошкиот регион, 23.000 денари за жителите на Југоисточниот регион каде припаѓ општина Гевгелија и општините Дојран, Богданци, Валандово, Струмица, Радовиш, Ново Село, Конче… Ваучер од 27 до 30.000 денари се наменети за семејствата од ранливите категории.

За оваа мерка согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година кои ги донесе Владата предвидени се 4,1 милиони евра за над 7.000 ваучери за инвертер-клима уреди за што се објавени Јавни повици.

Граѓаните за оваа мерка можат да аплицираат од 1 до 20 февруари годинава.

„Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, лицата со ниски примања за самец (вкупни приходи до 21.000 денари), домаќинство со два члена (вкупни приходи од 30.000) и домаќинство со три члена (вкупни приходи од 35.000 денари), ќе може да добијат ваучер во вредност од 27.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена (вкупен приход од 40.000 денари) и домаќинство со пет члена и повеќе (вкупен приход од 45.000 денари) ќе може да добијат ваучер за инвертер клима во вредност од 30.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ.. Вкупните средства за реализација на оваа програма се во износ од 45 милиони денари буџетски средства (73 илјади евра)“ информираше министерот Бектеши.

Ваква мерка е предвидена и во Југоисточниот регион каде припаѓа Гевгелија.

Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства ваучер во вредност од 25.0000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) и Југо-Западниот регион (Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа), за што се предвидени вкупно 100 милиони денари (1,62 милиони евра).

“Ваучер во износ од 23.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат на останатата територија на Република Северна Македонија, односно во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион, за што се предвидени исто така вкупно 110 милиони денари (1,78 милиони евра)“ – кажа министерот Бектеши.

Услови кои треба да ги исполнуваат сите домаќинства за да го остварат правото на учество по овие јавни огласи:

-во изминатите 3 календарски години не користеле средства од било кој извор за надомест на трошоци за грејни уреди – печки на пелети или високоефикасни инвертер клима уреди;
-да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот
-уредот да биде купен и вграден во текот на 2024 година, а најдоцна до 30.11.2024 година на адресата која е наведена во барањето;
-набавениот уред задолжително да ги има следните карактеристики: да има минимум COP 3.0, да грее на надворешна температура од -15°C и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење.
-нема да поднесе барање за искористување на финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди по јавниот оглас од Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година (за оние кои ќе аплицираат за Програмата за поттикнување за енергетска ефикасност).

Согласно предвидените средства за овие две програми од вкупно 255 милиони денари или 4,1 милион евра, со целосно нивно искористување се предвидени околу 7.000 ваучери за инвертер-клима уреди.

ЛИНК до огласот ТУКА:

За семејствата од ранлива категорија износите на ваучерите се поголеми, и изнесуваат од 27.000 до 30.000 денари и по смејство. За условите за конкурирање погледнете од објавата на Јавниот оглас ТУКА.

МЕРКАТА ВАУЧЕР ЗА ИНВЕНТЕР е толку ПОПУЛАРНА меѓу граѓаните што уште првиот ден од објавата на јавнит Оглас поднесени се преку 500 барања.

Огласите ќе траат 20 дена од денот на објавувањето (01.02.2024) , со можност за продолжување од 15 дена, во случај на недоволен број пристигнати барања.
Едно лице од едно домаќинство може да поднесе само едно барање за доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Почина ПЕТКО СМИЛКОВ – професор, општественик, поранешен градоначалник на Гевгелија

Next Post

ВИДЕО: „Последен танц“

Next Post
ВИДЕО: „Последен танц“

ВИДЕО: „Последен танц“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Мбапе со порака после поразот во финалето на СП

Мбапе со порака после поразот во финалето на СП

3 години ago
Почина еден од најголемите во боксот, Џорџ Форман

Почина еден од најголемите во боксот, Џорџ Форман

3 месеци ago
ЗАПЛЕНЕТИ  22  АВТОМОБИЛИ со странски регистарски таблици

ЗАПЛЕНЕТИ 22 АВТОМОБИЛИ со странски регистарски таблици

1 година ago
Танцовото студио „SWEET DANCE“ од Богданци освои 4 подиума на „DANCE OFF“

Танцовото студио „SWEET DANCE“ од Богданци освои 4 подиума на „DANCE OFF“

7 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото
  • Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија
  • АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

јули 1, 2025
Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

јули 1, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist