Соединетите Американски Држави (САД) се вратија на површината на Месечината по првпат по повеќе од половина век откако леталото „Одисеј“, кое е конструирано од приватна компанија, се спушти на Јужниот Пол на Земјиниот природен сателит по 73-минутно спуштање, пренесуваат светските медиуми.
Безекипажната сонда „Одисеј’ во четвртокот стигна на површината на земјиниот сателит и оттаму испрати сигнал, како што соопшти претставник на тексашката фирма „Интиутив машинс“ за време на преносот во живо. Ова е прво американско слетување на Месечината по крајот на програмата Аполо од пред повеќе од 50 години.
After troubleshooting communications, flight controllers have confirmed Odysseus is upright and starting to send data.
Right now, we are working to downlink the first images from the lunar surface.— Intuitive Machines (@Int_Machines) February 23, 2024
Првично беше меѓутоа нејасно дали сондата е целосно во функција, со оглед што не слетала точно според планираната позиција.
„Добредојдовте на месечината“, изјави основачот на компанијата Стив Алтемус кога конечно беше потврдено слетувањето во 17:23 часот, по околу 10 минути без контакт од „Одисеј“.
Your order was delivered… to the Moon! 📦@Int_Machines‘ uncrewed lunar lander landed at 6:23pm ET (2323 UTC), bringing NASA science to the Moon’s surface. These instruments will prepare us for future human exploration of the Moon under #Artemis. pic.twitter.com/sS0poiWxrU
— NASA (@NASA) February 22, 2024
Шестаголната сонда се наоѓа во кратер близу јужниот пол на Месечината, каде треба да изврши меѓу останатото мерења на температурата и на радијацијата, како и испитување на почвата. Целта се испитувања кои ќе придонесат оптимирање за идните вселенски мисии на Месечината со човечки екипаж.
„Одисеј“ пред една недела беше лансиран преку „СпејсИкс“ носечка ракета од американската лансирна рампа за вселенски летови Кејп Канаверал во Флорида.
Инаку, ова е првпат американско вселенско летало да ја допре Месечината откако тоа последен пат го направи екипажот на НАСА од мисијата „Аполо 17“ во декември 1972 година.