На 25.05.2024 во 02:30 часот во Полициската станица Гевгелија, Љ.А.(46) од Гевгелија пријавил дека на 24.05.2024 околу 23:00 часот во Гевгелија бил физички нападнат од Д.К. и Ж.К., и двајцата од Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, сабота 25.05.2024 во СВР Струмица пријавени се два случаи на насилство.
Првиот е регистриран во 20:30 часот од пријавителот С.Ѓ.(34) од с.Василево кој пријавил дека околу 18.00 часот пред продажно место во с.Василево бил физички нападнат од К.Н.
Вториот случај е заведен во СВР Струмица истиот ден, на 25.05.2024 во 22:20 часот. Имено, Ф.А.(37) од с.Старо Балдовци, Општина Босилово, пријавил дека околу 17:30 часот пред угостителски објект во с.Дабиле, струмичко, бил физички нападнат од Ш.С. и С.С., двајцата од Струмица, со кои имал нарушени меѓусебни односи. Се преземаат мерки за расчистување и на двата случаи регистрирани во СВР Струмица..
Потешко поминал возач на трактор во Валандово.
На 25.05.2024 во 08:45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на с.Чалакли, валандовско, трактор „ИМТ 533“ со полуприколка, управуван од А.П.(48) од с.Балинци, валандовско, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.
Инаку, Струмица предничи со насилствата. Оваа недела во општина Струмица од пред три дена има секојдневни пријави за насилство:
На 23.05.2024 во 12:55 часот во СВР Струмица А.М.(39) од Струмица пријавил дека околу 10:00 часот во Струмица, по претходна вербална расправија бил физички нападнат од А.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.05.2024 (петок) во 02:30 часот во СВР Струмица, Д.Е.(46) од Струмица пријавил дека околу 01:20 часот во двор од викенд куќа во Струмица, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.