Денешниот ветер со правец северо-северо запад и брзина од 21 km/h успева така гордо да го вее Македонското знаме во центарот на Гевгелија, што ќе му простиме за сите други досадии со него во текот на денот.
Освен тоа, ветрот кој од вчера е присутен кај нас успеа да го одвее загадениот воздух од Гевгелија, така што од вчера и денеска сите мерни параметри за квалитет на воздухот над Гевгелија се во „зелена чиста зона“. Тешките ПМ 10 и ПМ 2,5 честички се на најниско можно ниво со коефициент 2.
Уживајте во чистиот воздух во ветровита Гевгелија.