четврток, 2, февруари 2023
  • За нас
  • Реклами
  • Кариера
  • Контакт
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • Login
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Жителка на Мрзенци и нејзината ќерка претепани од поранешен партнер насилник

Еден осомничен за насилство врз жена и нејзината малолетна ќерка во гевгелиско денеска доби 30 дневен притвор од Судиј во претходна постапка

јануари 25, 2023
in ФОКУС
0 0
Жителка на Мрзенци и нејзината ќерка претепани од поранешен партнер насилник
0
SHARES
2k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Oсомничениот ја нападнал неговата поранешна партнерка во нејзиниот дом, а во насиниот чин ја повредил и нејзината 6 годишна ќерка. Жртвите на насилството доживеале тешки трауми, а нападнатата жена се здобила со тешки телесни повреди. ОЈО Гевгелија го опишува настанот во денешното соопштение:

Related posts

Лишени од слобода двајца дилери на дрога од Гевгелија

Лишени од слобода двајца дилери на дрога од Гевгелија

февруари 1, 2023
Девет гевгелиски студенти добитници на Општинска стипендија

Девет гевгелиски студенти добитници на Општинска стипендија

јануари 31, 2023

Откако претходно повеќе пати ѝ пишувал пораки преку апликацијата „Вибер“ во кои ѝ се заканувал дека ќе ја повреди и ќе ја убие оштетената со која порано бил во љубовна врска затоа што му кажала дека веќе не сака контакт со него, на 16 јануари, осомничениот дошол од Кавадарци каде што живее, со неговото возило и го паркирал на улицата пред семејната куќа на оштетената во селото Мрзенци.

Кога дошол пред влезната врата, ѝ се јавил да му ја отклучи вратата, па откако оштетената одбила, осомничениот со нога ја скршил вратата и влегол внатре.

– „Веднаш се качил на горниот кат каде што во спалната соба оштетената спиела со нејзината 6-годишна ќерка и ја удрил со бокс во пределот на лицето. Во тој момент се разбудило и девојчето и почнало да плаче, па оштетената ја дигнала во рацете. Осомничениот замавнал кон нив и го удрил девојчето во пределот на лицето. На оштетената ѝ го одзел мобилниот телефон и го скршил за да не може да побара помош“ се наведува во соопштението од ОЈО Гевгелија.

Насилникот потоа повторно почнал да ја удира со боксови и клоци, да ја дави во пределот на вратот, додека за цело време нејзината малолетна ќерка плачела вознемирено, молејќи го осомничениот да си оди и да не ја тепа мајка ѝ.

Навредувајќи ја, тој ја фатил за коса оштетената и со влечење ја симнал во дневната соба. За да го натера да ја пушти мајката, девојчето започнало да фрла кон осомничениот со портокали, по што тој започнал да ја тресе ќерката, ја дигнал и силно ја фрлил на седечката гарнитура.
Потоа се качил на горниот кат, каде ги кршел и расфрлил сите предмети. Тој момент го искористила оштетената која целата во крв, боса, ја зела нејзината ќерка и успеала да излезе од куќата, да влезе во возилото и да побегне во домот на нејзините родители“.

– „Од насилството оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на нос, како и повеќе посекотини, контузии и хематоми по целото тело, а со телесни повреди – гребнатинки, модрици и хематоми се здобила и нејзината малолетна ќерка. Со дејствијата осомничениот кај двете предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв кое резултирало со бројни психички трауми особено кај 6-годишното девојче“ известува гевгелиското Основно јавно обвинителство..

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело.

Судијата го прифати предлогот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

ShareTweetShareSend

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Присилна наплата на комуналната такса од Општина Гевгелија во следната 2023 година

Присилна наплата на комуналната такса од Општина Гевгелија во следната 2023 година

1 месец ago

Зaдолжителна исплата на К-15 за вработените и јавната администрација

2 месеци ago
Лишени од слобода 5 лица, поради сомнение за „трговија со дете“

Лишени од слобода 5 лица, поради сомнение за „трговија со дете“

2 недели ago
Тивка ноќ во Гевгелија -Буџетот за 2023 стокмен и изгласан

Тивка ноќ во Гевгелија -Буџетот за 2023 стокмен и изгласан

1 месец ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Uncategorized
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Уметницата Добрила Чабриќ – македонското „чудо од баба“ денеска полни 95 години
  • Јасмина од Гевгелија ја надмудри болеста и по втор пат стана мајка
  • Лишени од слобода двајца дилери на дрога од Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Uncategorized
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Уметницата Добрила Чабриќ – македонското „чудо од баба“ денеска полни 95 години

Уметницата Добрила Чабриќ – македонското „чудо од баба“ денеска полни 95 години

февруари 1, 2023
Јасмина од Гевгелија ја надмудри болеста и по втор пат стана мајка

Јасмина од Гевгелија ја надмудри болеста и по втор пат стана мајка

февруари 1, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Home

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?