Светското тениско торпедо Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на овогодинешниот „Вимблдон“ откако го совлада Швајцарецот Станислас Вавринка со 3:0 во сетови 6:3, 6:1 и 7:6 (5) за два часа и 10 минути игра.
Вавринка знаеше во своите најдобри денови од кариерата да биде тврд „орев“ за најдобриот тенисер во историјата, дури трипати исфрлувајќи го од грен слем турнирите.
Вавринка тоа го направи на Австралија Опен во 2014 година, потоа на Ролан Гарос во 2015 година и една година подоцна на УС Опен. Овие двајца тенисери имаат одиграно дури 26 мечеви, а ова им беше само прв на трева на Вимблдон.
That’s an outrageous winner on the run 😤#Wimbledon | @DjokerNole pic.twitter.com/V8P59SXaX5
— Wimbledon (@Wimbledon) July 7, 2023
Новак одигра два доминатни сета кои ги реши со 6-3 и 6-1, но во третиот Вавринка покажа зошто своевремено освојуваше пехари на грен слем турнирите, па видовме борба која не донесе до тај-брејк во кој Швајцарецот имаше и предност од 5-3.
Меѓутоа, Ноле по кој знае кој пат потврди дека е класа и со четири поени во низа дојде до 7-5, конечна победа и место во осминафиналето во кое ќе ги одмери силите со Хуркач.
You hear that? That’s a Novak win. pic.twitter.com/htSi5oO4RW
— US Open Tennis (@usopen) July 7, 2023
Ова за Ѓоковиќ беше 31 славје во низа на Вимблдон со што се израмни со легендарниот Пит Сампрас, подобра серија од него имаат само Рожер Федерер и Бјорн Борг.
Another one.@DjokerNole equals Pete Sampras’ 31 consecutive match wins at #Wimbledon pic.twitter.com/Q0MhZBhSOy
— Wimbledon (@Wimbledon) July 7, 2023