По барање на JП “Национални шуми” – Скопје, Министерството за земоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за: Делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште
Со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор се воведува Делумна забрана за движенье во шума на територијата со која стопанисува /управува JП “Национални шуми”- Скопје на сите лица во шумите и шумските појаси, за временскиот период од 17.07.2023 год., во терминот од 06.00 до 20.00 часот.
Делумната забрана за движење во шума стапи на сила од 17.07.2023 год. и ќе трае се’ до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно, до незино отповикување.
Оваа делумна забрана не важи за вработените во JП “Национални шуми”-Скопје ,т.е. за сите подружници кои влегуваат во составот на JП “Национални шуми”- Скопје како и за вработените во:
– Министерството за внатрешни работи,
– Шумска полиција,
– Центарот за управување со кризи,
– Дирекцијата за заштита и спасување,
– Државниот инспекторат за шумарство и ловство,
– Субјектите што вршат шумско-стопански активности сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти на површините со кои стопанисува ЈП “Национални шуми”
– Стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата кои се наоґаат на територијата со која стопанисува /управува ЈП “Национални шуми“ Скопје.
– Лица кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува JП “Национални шуми” – Скопје.
Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од “Национални шуми” Скопје за подрачјето подружниците на ЈП со кое стопанисуваат/ управуваат.
За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
Делумната забрана за движење ја спроведуваат вработените од JП “Национални шуми”, кои вршат дејност заштита, Шумска полиција и МВР.