Овој трагичен епилог од вечерашното невреме во Нови Сад го јавува „Војводина инфо“ од Р. Србија. Загина 12 годишно детенце пред зградата. Уште не се знае дали го удрила струја, или гром, пронајдено е покрај инсталациите, каблите.
Силното невреме од Хрватска и денеска се префрли во Србија. Меѓу првите на удар беа местата блиску српско-хрватската граница, како што се Апатин и Сомбор каде паѓаше дожд проследен со ветар.
Во Сомбор паднало и дрво на улица, но за среќа нема повредени.
Невремето бргу зафати поголем дел од Војводина меѓу кои и Нови Сад каде врнежите од дожд беа пропратени со силен ветар и грмотевици. Во градот, како што пренесува „Нова.рс“, имало искршени гранки од дрвја, а на едно градилиште паднал и кран. Паднатиот кран во Нови Сад е на градилиштето „Детелина“ и ги оштети и околните згради.
View this post on Instagram
Силниот ветер откорнува кровови. На снимката е зградата на „Првата Војвоѓанска“ Гимназија.
Centar Novog Sada. Na kraju snimka se vidi kako se podiže deo krova…#novisad #nevreme #oluja #srbija pic.twitter.com/GLhGSZKF9D
— Radio 021 (@Radio021) July 21, 2023
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Во градот паднало и старо дрво кое за заштитен споменик на природата, објави „Радио 021“.
Паѓаат и дрвја по парковите како чачкалици:
View this post on Instagram
Не беше заобиколен ниту Белград, каде според РТС, аеродромот „Никола Тесла“ привремено е затворен.
Според извештаите во српските медиуми, невремето во главниот град почнало после 20 часот. Според претходните најави од Републичкиот хидрометеоролошки завод, очекувањата се во Белград да биде критично околу два часа кога се очекува врнежите да бидат проследени со грмотевици, силен ветар. Надлежните предупредија дека можно е да биде предизвикана материјална штета, но и да биде загрозена безбедноста на луѓето и животните.
Претходно во Хрватска невремето повторно остави пустош. Имаше црвен аларм на предупредување во дури пет региони. Прво беа погодени Истра и Кварнер, а потоа беше зафатена и внатрешноста на државата вклучително и Загреб. Во Новиград целосно е уништен автокамп каде десетици граници паднале врз приколките. Според првичните информации полесно се повредени шест лица.
И Хрватска и Србија, но и останатите земји од регионот пред два дена исто така беа погодени од невреме кое беше и смртоносно. Во Хрватска имаше четворица загинати, додека по една жртва беше регистрирана во Словенија и Босна и Херцеговина.