Механизација за поставување на асфалт денеска беше активна на потегот кај клучка Прдејци.
Нарачател и инвеститор на работите е Јавно Претпријатие за државни патишта.
На 21 јули започна гребењето на стариот асфалт и неговото дислоцирање, а деновиве се работи на поставување нов асфалтен слој.
Целата инвестиција чини 22.560.000 денари. Се асфалтира потегот од клучката кај Прдејци со автопатот „„Пријателство“ до влезот на фабриката „Випро“, делница долга 860 метри.
Инаку, Јавно Претпријатие за државни патишта програмски реализира проекти за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на автопатишта, магистрални и регионални патишта, а конкретно со заем од Светска банка и Европска банка имплементира проекти за рехабилитација и подобрување на локалната патна мрежа во сите општини на територијата на Република Северна Македонија. Моментално работи на рехабилитеција на 84 километри патна мрежа на шест делници, со средства од ЕБОР