Рано утринава, на 09.09.2023 уште пред да раздени во 04:30 часот, во Гевгелија на ул.„Слободан Митров Данко“ се случила тешка сообраќајна несреќа во која има тројца повредени.
Учесници во сообраќајната несреќа се патничко моторно возило „Тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(18) од Гевгелија, кое удрило во паркирано патничко моторно возило „Форд“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на правно лице.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(20), а со телесни повреди се здобила Н.Ш. и сопатничката Л.А.(18), сите од Гевгелија.
Повредите се констатирани во здравствена установа во Гевгелија.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.