Еден продава дрога, четворица заглавуваат.
Таков е епилогот од вчерашната акција на полициски службеници од СВР Струмица, кои приведувајќи еден продавач на дрога, доаѓаат до друг снабдувач од Гевгелија. Каде ќе донесе истрагата понатаму не знаеме.
Во полицискиот извештај стои наведено дека:
На 14.09.2023 во 21:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и 39-годишната И.Ц. од с.Куклиш, струмичко. При преглед кај нив, кај Г.П. бил пронајден и одземен хероин.
По преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека Г.П. дрогата ја купил од А.Т.(38) од Гевгелија. Вчера, (15.09.2023), со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т.. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога.
Исто така, при претресот, во домот бил затекнат и Т.Т.(40) од Гевгелија, кој дошол да користи дрога.
По консултација со јавен обвинител, двајцата биле лишени од слобода и задржани во полициска станица.