Конечно храбрата гевгелиска патничка за која хуманите луѓе донираа средства ЛУНА ПОП-КОСТОВА лета со авион за Истанбул на договорената операција во приватната клиника „Аџибадем“ во Истанбул, Турција, и тоа денеска.
– „За неколку часа заминуваме за Турција. Бог нека ми ја чува Луна и да и’ ја даде потребната сила да ги издржи и двете операции кои ја чекаат, а исто и мене сила да издржам додека таа биде во рацете на докторите од кои зависи нејзиниот живот“ – напиша на социјалните мрежи нејзината мајка која пожртвувано ја предводеше целата акција за собирање средства за операција на нејзината неподвижна 14 годишна ќерка од напредната сколиоза која и’ го искриви р’бетот.
– „Се надевам дека ќе се вратиме со убави и позитивни вести“ – искажа надеж мајката Елена Поп-Костова.
Добри желби за успешна операција и брзо закренување!
Гевгелија и сите добри луѓе стискаме палци за СРЕЌА за ЛУНА!