Синоќа во Гевгелија возрасен маж бил нападнат од друго лице. Случајот е приајвен во Полиција.
Во Полицискиот извештај стои нотирано дека:
На 20.10.2023 (петок) во 21:30 часот С.В.(54) од Гевгелија пријавил дека околу 20:30 часот во Гевгелија бил физички нападнат од Л.П..
Во извештајот од Полицијата доставено до МВР не е наведено од каде е Л.П., на која возраст е лицето и кој е мотивот за физичкиот напад.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат од МВР.