После шести пораз во сезоната Селекторот на Македонската кошаркарска репрезентација и тренер на КК „Кожув“ Гевгелија Александар Јончевски поднесе оставка од тренерската позиција, непосредно по натпреварот со „Академија ФМП“.
Незадоволен од резултатот 83 : 93 и поразот на кошаркарите од гевгелискиот клуб кој го води, со шестиот пораз сезонава, Јончевски пред една недела поднесе оставка, превземајќи ја целата одговорност за тоа.
За Оставката требаше да се произнесе управата на клубот. На официјалниот сајт нема ништо објавено, но за „kos.mk“ од управата на КК „Кожув“ имаат изјавено дека истата е прифатена, што значи дека „кожувци“ се разделуваат од шефот на стручниот штаб
Јончевски го водеше Кожув од 2008 до 2021, а втор пат довербата да биде шеф на стручниот штаб гевгелиски „Кожув“ му ја довери од 2022 до пред една недела. Целата ланска година, изминатата 2022, оствари извонредни резултати – од екипа на дното на табелата ја постави до завршница од Купот на Македонија, а потоа и до Плејофот каде му даде сериозен отпор на МЗТ Скопје во четвртфиналето.
Незадоволен од скорот 2/6 оваа сезона Јончевски реши да се повлече од „Кожув“ изјавувајќи „Јас ја превземам одговорноста, до крајот верував на играчите. Раскинот на договорот го потпишавме на моја иницијатива“ – изјави селекторот на Македонија и сега екс тренер на КК „Кожув“.
Под водство на Јончевски, Кожув не ја започна оваа сезона според очекувањата. Тимот се наоѓа на десетото место на табелата со скор од две победи и шест порази.