Северниот леден вртлог кој стаса и во Македонија синоќа донесе снег на повисоките места, па и на оние под 1.000 метри надморска височина.
Снег наврна во Прилеп, Ресен, Горна Бошава Кавадаречко, оштина Конче места под 1000 мнв.
Наврнатата снежната покривка во 7 часот (во cm) изнесуваше: 9 сантиметри во Берово, 8 cm Крушево, 6 cm Попова Шапка, 3 cm Ѓуриште, 1 cm во Прилеп.
Гевгелија имаше дожливо време и наврнати само 1 литар воден талог на 1 метар квадратен. Во Дојран наврнаа 2 л/м2 воден талог, а најмногу дожд наврна во Битола 11 л/м2 и Крушево 9 литри/м2.
За денеска Управата за хидрометеоролошки работи упати Актуелно предупредување: Денес до пладневните часови ќе дува засилен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Гевгелија веќе го чувствува ветрот со налети и од 25-30 км/ч.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Попладне облачноста ќе се зголемува.
Во недела претежно во западните делови во попладневните часови и кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Потоа до четврток времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, Дневните температури во овој период ќе бидат во благ пораст, освен по котлините каде ќе има појава на магла, велат од УХМР.