петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

Запознајте го АРИЈАН – Гинисовиот рекордер од Македонија

Малиот џин од Македонија, скопјанецот Аријан Алити е V-то одделенец, има само девет години, носи патика број 41 и е 25 сантиметри повисок од својата генерација другарчиња. Малата возраст не му прави проблем кога се наоѓа на фудбалско игралиште во дружба со „буба марата“. Е, овде тој покажува вонсериски талент - умее да даде гол од една страна на игралиштето, со шут од 50 метри да ја испрати бубамарата во голот на противничкито тим

декември 30, 2023
in МОЗАИК, СПОРТ
Запознајте го АРИЈАН – Гинисовиот рекордер од Македонија
0
SHARES
273
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Малиот џин од Македонија, скопјанецот Аријан Алити е V-то одделенец, има само девет години, носи патика број 41 и е 25 сантиметри повисок од својата генерација другарчиња. Малата возраст не му прави проблем кога се наоѓа на фудбалско игралиште во дружба со „буба марата“. Е, овде тој покажува вонсериски талент – умее да даде гол од една страна на игралиштето, со шут од 50 метри да ја испрати бубамарата во голот на противничкито тим, сосема на другата страна од фудбалскиот терен. И со голман, и со играчи, без додавања, без дриблања, шутираната фудбалска топка „лета“ од шпицот на Аријан во голот на противничката екипа.

Ова е описот на неговиот талент, а вистинската акција на Аријан изгледа вака:

Неговиот тренер Kенан Aсани на ФК „Фортуна“ каде игра Аријан, вели: – „До сега не се случило ниедно дете да има токав шут“.

Оваа вистинита констатација ја потврди и комисијата на „Гинисовите рекорди“ и го впиша деветгодишното чудо од дете, Аријан Алити за Гинисов рекор од Македонија – најмалиот шутер на голови од 50 метри директно во притивничката мрежа.

Ова не е случајна среќа на Аријан пред Гинисовото жири. Ваквите свои 50-метарски долги голови тој ги има повторено над 40 пати до сега. А, тоа „до сега“, значи во изминатите три години, зошто само пред три години Аријан стапна на фудбалскиот терен и започна активно да тренира.

ФК „Фортуна“, тимот на Аријан – Голманот во синиот дрес, настапува со две години поголеми од него, а тој е за 25 сантими повисок од сите

Денеска е активен член на ФК „Фортуна“ од Ченто-Скопје. Неговиот тим во изминатите три години, додека тој е голман, по ред ги добива сите натпревари со победа, освен еден доживеан пораз. Ваквиот резултат ја однесе екипата на ФК „Фортуна“ до титулата Првак на ФФМ за 2023, и Шампион на ФФМ со У9.

Аријан тренира фудбал во Академијата за фудбал „Ивановиќ“ каде ја усовршува голманската техника, но шутот го однесе на страниците од Гинисовата книга на рекорди. Снајперскиот шут за Гинис Аријан го повтори ПЕТ пати во еден ист натпревар. Тоа е пример на неприкосновен шутер во СВЕТОТ, поради што стана ГИНИСОВ РЕКОРДЕР на долги шутеви, единствен во Светот, детето Аријан од Македонија.
Фудбалските стручњаци велат дека нема да биде изненадување ако еден ден стане член на Фудбалската репрезентација на Македонија.

Од каде љубовта кон фудбалот и голманството кај малиот Аријан? Дали семејството има активен спортист кој имал удел во спортскиот интерес на Аријан за фудбал? Ова беа прашањата кои ги поставивме на таткото на Аријан, Аднан Алити.

– „Јас сум воено лице. Не сум фудбалер. Пред три години Аријан плачеше дома за да го однесеме на фудбал. Сакаше да игра фудбал. И оттогаш не зарази сите дома. И мене, и домашните, и моите пријатели и колегите од работа. Едвај чекаме натпревар за да отидеме сите да навиваме и да уживаме во победите на тимот во кој настапува Аријан“ – изјави за GevgelijaNet Аднан Алити, таткото на гинисовиот рекордер од Македонија.

Аријан со својот татко Аднан често посетуваат фудбалски натпревари заедно

Деветгодишниот Аријан е првак во македонскиот младински фудбал, а со својот талент и донесе 5-то место на Македонија на светско ниво, на меѓународен турнир со екипата на У9.

– „Летово екипата на Македонија играше со Данска каде што учествуваа тимови од цел свет. Аријан бранеше за тим составен од играчи за две генерации поголеми од него и освоија 5-то место во светот. Англиски судија сакаше да се фотографира со него. Каде и да оди Аријан секаде оставал белег на стадионот“ – вели неговиот татко Аднан.

Аријан со судија од Англија
Аријан на меѓународниот турнир „Dana Cup“ во Данска стекна и нови пријатели

Аријан не само што е најдобриот голман за сезоната 2022/23 година, избран од ФФМ во својата генерација, туку е и чудо од дете какво што се раѓа еднаш во многу генерации.

Голманот Аријан во акција
Ништо не поминува преку гол линијата кога е Аријан чувар на голот

Иако чувар на мрежата на Фортуна, тој истовремено е и еден од најдобрите стрелци на својата екипа. Во последните две сезони, колку што Аријан официјално игра во системот на ФФМ, постигнал преку 50 погодоци. Досега има дадено девет гола во плејофот на македонската детска лига, а рекорд на еден натпревар му е ни помалку, ни повеќе туку пет погодоци! Тоа се гинисовите регистрирани рекорди од 50 метри долгиот шут на Аријан до голот од спротивната страна на стадионот.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2023/12/415384737_1091340011874373_2385776090380893951_n.mp4

Според мерењата на неговите тренери, неговиот дегажман достигнувал 60 метри должина, што е запрепастувачи многу, ако се знае дека официјалниот Гинисов рекорд, поставен од голманот на Манчестер сити, во мај 2018 година, изнесува 75,35 метри.

Аријан веќе имал освојувано медали и индивидуални признанија за најдобар голман и на меѓународни турнири, така што веќе претставува атракција со своите особини, несекојдневни за голман и сигурно е голема надеж на македонскиот фудбал.

Related posts

Гевгелиските средниошколци  ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

мај 8, 2025
Учениците од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија – Регионални ПРВАЦИ во фудбал

Учениците од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија – Регионални ПРВАЦИ во фудбал

мај 8, 2025

rpt

– „Нема турнир каде не го прогласуваат за најдобар“ – вели неговиот тренер.

На „Dana Cup“ во Данска екипата на Македонија У9 ја победи Полска со 3:0. Секако, уделот во победата е и голманската железна порта кога Аријан е на гол линијата на Македонија.
Неговите прецизни погодоци не се спортска среќа туку умешност која го однесе на страниците на „Гинисовата книга на рекорди“. Дека се работи за талент кој трае доказ е и овој „Гол за гинис“ постигнат лани во Србија со екипата на Македонија У8.

Малиот џин од Македонија, чудото од дете, фудбалскиот торпедист, Гинисовиот рекордер Аријан Алити има само девет години, благо лице, разиграни кадрици во косата, прецизен и доооолг шут и една желба – Да биде фудбалер.
Ако не се откаже тој од спортот Македонија секако нема да се откаже од фудбалскиот снајперист кој знае да ги наполни со голови мрежите на противничките екипи, зошто така доаѓаат победите со упорност и резултати.

Среќно Аријане, Македонија ги чека твоите нови заслужени трофеи, медали, пехари, рекорди, за твоја радост, за твој спортски престиж и за гордост на Македонија!

Атракција на теренот, магнет за фотографирање – рекордерот Аријан
Ниедна топка не смее да помине пред малиот џин не скротена во неговите раце
Среќен и успешен со намера да стане професионален фудбалер – Адријан Алити, Гинисовиот рекордер од Македонија

НОВИОТ РЕКОРДЕР НА МАКЕДОНИЈА се вика АРИЈАН!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Успешно изгаснат пожар во зграда во Богданци

Next Post

ВИДЕО: Спектакуларен дочек на Новата Година во Австралија и Нов Зеланд

Next Post
ВИДЕО: Спектакуларен дочек на Новата Година во Австралија и Нов Зеланд

ВИДЕО: Спектакуларен дочек на Новата Година во Австралија и Нов Зеланд

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за дилер од Гевгелија

Кривична пријава за дилер од Гевгелија

9 месеци ago
Натпросечно топло време

Натпросечно топло време

11 месеци ago
Лишен од слобода жител на Јосифово

Лишен од слобода млад гевгеличанец

2 месеци ago
Трансформација на работниот однос за 1.117 вработени во здравството

Трансформација на работниот однос за 1.117 вработени во здравството

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал
  • ЛИДЛ ВРАБОТУВА!
  • Учениците од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија – Регионални ПРВАЦИ во фудбал

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Гевгелиските средниошколци  ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

мај 8, 2025
ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

мај 8, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist