Ристе Живковиќ (39 год.) е сопруг, татко на три деца, наставник во ООУ „Петар Мусев“ во Богданци, професор во СОУ „Богданци“, учител на многу генерации деца, но овие месеци се соочуваше со тешка борба – Тумор на мозокот кој му ги парализираше функциите на телото и заврши во кревет, со болен АПЕЛ за помош од хуманите луѓе да му помогнат да собере средства за операција во странство, за да го врати здравјето, животот во нормала, за да може да им се радува на децата.
Оперативниот зафат со средствата неопходни за долготрајна терапија чинат 90.000 евра. Деновиве беа собрани неопходните средства за плаќање на операцијата, така што Ристе со верба во луѓето и Божјата сила замина на операција, а ДЕНЕСКА се јавува со ПОБЕДОНОСНА ПОРАКА:
„ДОМА! ❤️
После долг и тежок период, конечно сум повторно дома. 🙏
Операцијата помина успешно и од срце им благодарам на сите што беа со мене, што се молеа за мене, ми даваа поддршка и веруваа во мене. ❤️
Но, патот сè уште е долг. Следува терапија и уште многу борба, но јас нема да се откажам. 💪
Чекор по чекор, ден по ден, со вера, надеж и сила ќе продолжам понатаму.
Најважно е што сум дома, со моите најблиски. 🏠❤️
Борбата продолжува, а јас верувам дека ќе извојуваме уште една победа. 🙏
Ви благодарам на сите од срце! ❤️
Бидете со мене и понатаму. 🙏“ – ова го напиша Ристе на социјалните мрежи со благодарност до сите кои му помогнаа во тешката борба.
Ова е фотографијата од Ристо со сопругата на патување од Турција каде беше опериран, до Македонија, дома во Богданци.

Среќно Ристе, брзо опоравување!
AПЕЛОТ го поддржа и нашиот портал GevgelijaNet.com




















