Православните верници денеска го празнуваат вториот ден од Божиќ кој се нарекува и Собор на Пресвета Богородица
Рождеството Христово Божиќ се слави со пораките за здравје, мир и единствo, како желби на граѓаните и оваа година.
Во сите храмови на Македонската православна црква се одржаа божиќни литургии.
Соборниот храм беше преполн при чинот на светата архиејерска литургија со која чиноначалствуваше поглаварот Охридски и македонски.
– „Потребно ни е духовно и национално единство за да опстоиме како црква и како народ“, порача во Божиќното обраќање поглаварот на МПЦ ОА.
Свечено со света архирејска литургија беше одбележан големиот Христијански празник Божиќ и во гевгелиските црковни храмови.
Божиќ спаѓа меѓу најголемите христијански празници, зашто на тој ден се празнува раѓањето на Спасителот Исус Христос. Колку овој ден е важен за човештвото се гледа и по тоа што тој е земен за клучен датум, односно камен-темелник, за пресметување на времето, па така имаме стара и нова ера што значи време пред и по раѓањето на Исус Христос.
Овој празник е наречен и матица на повеќе празници бидејќи да не бил овој празник, што значи да не се родел Исус Христос немало да има ниту негово крштевање, (значи немало да го има празникот Водици), немало да има ниту Распетие и Воскресение (Велигден) ниту Вознесение (Спасовден), немало да постојат ниту празниците Духовден, Преображение, Крстовден итн.
Во овие свети денови, кога православниот свет го прославува раѓањето на спасителот Исус Христос, се потсетуваме на неизмерната љубов која нè учи на разбирање, сочувство, толеранција. Тој ни’ донесе порака за мир, учејќи нè на важноста на безусловната поддршка.
На денот на Рождество Христово – Божиќ се слават и Имендени, а нив ги празнуваат Христо, Христина, Божин, Божица, Ристо, Христина, Ристана, Ристовка…
Посакуваме убави Божикни празници, исполнети со радост, мир и хармонија!
Честит именден за именосците на овој свет ден!
Фото: Гевгелиско архиерејско намесништво – свечена литургија