Тоше милуваше да пее изворни народни песни. Една таква, незаборавна е и песната „Ој девојче, девојче, ти тетовско јаболче“. Со мекиот и милозвучен глас ја има испеано со групата „Синтезис“. Таму го придружуваат женските вокали кои учествуваат во женскиот наратив на песната.
Но, мераклиите на ДЏ звукот, темпото на новото време, не можеа да одолеат на предизвикот саканиот и миленик на младите од Балканот, ТОШЕ Проески да не го овековечат и во една електронска ДиЏеј верзија направена со помош на вештачката интелигенција.
Ова остварување е направено во соработка со Диџеј Филип Деловски и групата „Синтезис“ која пред неколку години направи своја верзија на оваа популарна народна македонска песна.
Изданието е на Авалон продукција.
Во описот на поставката на Јутуб, продукцијата Авалон напиша: „Ајде да му се насмевнеме“ (на Тоше) со нов спој на неговиот глас и електронските технички можности.
ПОЗДРАВ до НЕБОТО ТОШЕ!