Со две победи реализирани на Регионалниот средношколски турнир во баскет, против екипите на Кочани и Куманово, машката екипа од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија се пласираше на Државно првенство во баскет за оваа година меѓу средните училишта во Македонија.
Регионалниот турнир во БАСКЕТ 3х3 за средни училишта во машка и женска конкуренција се одржа вчера, 22 април, во спортската сала на СОУ „Никола Карев“ во Струмица.
На машкиот Регионален турнир учествуваа 3 средношколски екипи, на кој беа постигнати следните резултати:
СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија – „Гошо Викентиев“ Кочани 22:15
„Гошо Викентиев“ Кочани – „Гоце Делчев“ Куманово 21:23
„Гоце Делчев“ Куманово – „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија 14 : 21
На женскиот дел на Регионалниот турнир учествуваа две училишни екипи, а нивниот натпревар заврши со резултат :
„Ѓорче Петров“ Крива Паланка – „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија 21 : 17 .

По овие Регионални квалификациони натпревари, за учество на Државното првенство во БАСКЕТ за средни училишта, од Источен регион, се пласираа училишните екипи на СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија во машка конкуренција и СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка во женска конкуренција.
Гевгелиските средношколци ги предводеше Ментор- Професор: Влатко Семенаков.
