Најпознатиот, најтрофејниот и многунаградуван голман на ФК „Кожуф“ Никола Гелебешев и годинава ги инспирира спортските фанови во гевгелија за организирање на Меморијален турнир во мал фудбал во негова чест и спомен.
Турнирот е закажан да стартува на 15 јули, а во тек се пријавувањата. Право на учество имаат генерациите: 2005/2008 како барана од публиката поради приредените возбудувања и квалитетен фудбал на минатогодишниот одржан ПРВ Меморијал „Никола Гелебешев“, потоа генерациите 2009/2010, 2011/2012, 2013/2014, 2015/2016 и генерација родени 2017 година.
Екипното учество се пријавува со котизација од 1.000 денари.
Натпреварите ќе се одвиваат на игралиштето „Партизан“ во Гевгелија.
И оваа лето младите фудбалски таленти ќе ја покажат својата спортска вештина, ќе дриблаат пред публиката љубопитна да види нови ѕвезди на теренот, ќе постигнуваат голови, ќе има и поразени, ама така се кали спортскиот дух, со напор, победи, порази и одење напред.
Организатори на турнирот се „Фантоми Север“ со поддршка на Општина Гевгелија.
Целиот настан освен спортскиот ритам на летото во Гевгелија е осмислен да даде и почит и незаборав за фудбалската голманска легенда на ФК „Кожуф“ Никола Гелебешев – голманот со романтична душа. виртуозот пред голот, момчето кое фудбалски ја крена Гевгелија, а таа му враќа со фудбалски меморијал во негов спомен.
Нека му е Вечна слава и почит!
НИКОГАШ ЗАБОРАВЕН!
Никола Гелебешев – (Гевгелија 1949 – Гевгелија 17 мај 2022)