По втор пат честа да ја понесе наградната статуетка и’ припадна на Катерина Шиповиќ, атлетичарка, ултра маратонец, која годинава ја доби статуетката во категоријата „Спортски подвиг за 2025“.
Катерина Шиповиќ, покажа неверојатна издржливост и освои прво место на ултра-трката во Серес, истрчувајќи 202 километри за 24 часа. Ова беше достигнувањето кое и’ ја донесе статуетката „Златна Олимпија“ за 2025, што ја доделува МОК.
Инаку, Катерина не е непозната и за гевгелиските спортски настани. Таа минатата година победи на ултра маратонската трка „Punk’s Backyard Ultra” 2024 што се одржа на терените на Негорските Бањи во Гевгелија“ и овде оствари свој личен подвиг истрчувајќи 30 круга за 30 часа во должина од 201 km.
– „По втор пат имам чест да ја примам оваа награда, која има огромно значење за мене. Благодарам МОК, благодарам на сите кои веруваат во мене, а најмногу на моето семејство – мојот најсилен ветер во грб“ – изјави Катерина по врачувањето на наградата.

Покрај спортот Катерина е и мајка на 5 годишната Лина која веќе е заинтересирана за спортот и атлетиката како и нејзината мајка. Еве ги на годинешното одржување на трката „Punk’s Backyard Ultra” 2025, каде мајка и ќерка заедно истрчаа на трасата.
Честитки за овенчаната „олимпијка“ Катерина!



















