среда, 2, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

ВИДЕО и ФОТО: Пожарот од Фурка стаса во атарот на Богданци, гори и кај Паљурци

Трет ден гори во Богданци, втор ден гори во атарот на Фурка. На местото на пожарот постојано се слушаат детонации од неексплодирани убојни средства од Втората светска војна, што е голем безбедносен проблем при гаснењето на пожарите..

август 5, 2024
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
ВИДЕО и ФОТО:  Пожарот од Фурка стаса во атарот на Богданци, гори и кај Паљурци
0
SHARES
242
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Трет ден гори во Богданци, втор ден гори во атарот на Фурка. Според командирот на доброволното противпожарно друштво од Валандово кој е на местото на пожарот, таму постојано се слушаат детонации од неексплодирани убојни средства од Втората светска војна, што е голем безбедносен проблем при гаснењето на пожарите.

На социјалната мрежа Х се објавени видеа од пожар за кој во објавата се вели дека е во близина на Богданци и дека гори борова шума. На видеата се гледа голем облак од чад и пламени јазици што се издигаат високо.

Related posts

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

јули 1, 2025
Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

јули 1, 2025

„Зошто многу малку, скоро ич денес не се зборува за пожарот кај Богданци? На Телма не го ни спомнаа. Дали е мал пожар? Цела борова шума изгоре. Цела вечер гореше. Видеата се од пред еден саат“, стои во објавата.

Зошто многу малку, скоро ич денес не се зборува за пожарот кај Богданци? На Телма не го ни спомнаа. Дали е мал пожар? Цела борова шума изгоре. Цела вечер гореше. Видеата се од пред 1 саат. pic.twitter.com/bCpLQU6fkm

— Ајс Ти (@IceBucks7) August 5, 2024

Во текот на денот кога пожарот од Фурка стаса до високите јаворови дрвја на патот Фурка – Богданци сообраќајот беше запрен.

Фурка кон Богданци. Во Богданци се куќите. До Макпетрол бензинската е стигнато. Патот е затворен. pic.twitter.com/En2oLyW23v

— Ајс Ти (@IceBucks7) August 5, 2024

Директорот на ЦУК, Ангелов со утешителна изјава:
– „Не е загрозено ниту Богданци, ниту друго населено место од пожарот во овој регион. Но истиот предизвика вознемиреност кај населението“.

Ангелов потсети дека му се дало приоритет на овој пожар, биле испратени шест „ер трактори“, во текот на вчерашниот ден и хеликоптери. Тие помогнале, но, како што рече, за жал, не е воспоставена контрола. Ветрот кој дувал со 20 км/час не давал сигурност во навигацијата за воздушната акција во гаснењето со ер-трактори и хеликоптери.

На пожарот интервенирале професионални пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово, Струмица, Кавадарци, како и доброволците од ДППД „Дојран“.

Гори шумски појас крај патот Фурка-Богданци
Пожарникар на ТППЕ Валандово во акција на гаснење
Работниот амбиент на пожарникарите додека трае огнената стихија на потегот Фурка-Богданци

Со Ангелов беше и командирот на доброволното противпожарно друштво од Валандово, Ѓорѓе Илиев. Тој рече дека на местото на пожарот постојано се слушаат детонации од неексплодирани убојни средства од Втората светска војна. Ангелов се согласија дека тоа е голем безбедносен проблем при гаснењето на пожарите.

На терен е и тим на ДЗС. Член на тимот за брз одговор за гаснење пожари изјави дека најзагрозено било на потегот кон бензинската и плинарата во Богданци.

Претходно денеска тука се дејствувало со неколку хеликоптери, но, како што рече Ангелов, поради силниот ветер и густиот чад морале да се повлечат.

 

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Илинденски празнувања во манастирот „Св.Илија“ во Давидово

Next Post

КУД „Негорци“ на Меѓународен фолклорен фестивал во Италија

Next Post
КУД „Негорци“ на Меѓународен фолклорен фестивал во Италија

КУД „Негорци“ на Меѓународен фолклорен фестивал во Италија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Најмногу дожд за изминатите  24ч. наврна во Гевгелија

Најмногу дожд за изминатите 24ч. наврна во Гевгелија

7 месеци ago
ВИДЕО:  „Подај рака и промени живот!“ – промотивна програма на СОС „Детско село“

ВИДЕО: „Подај рака и промени живот!“ – промотивна програма на СОС „Детско село“

1 година ago
„Еурактив“: Албанија се одвојува од С Македонија на патот кон ЕУ, Скопје останува во лимбо

„Еурактив“: Албанија се одвојува од С Македонија на патот кон ЕУ, Скопје останува во лимбо

9 месеци ago
Царина на ГП „Богородица“ со РЕКОРДНА ЗАПЛЕНА на девизи и злато во вредност од 1.000.000 Евра

Царина на ГП „Богородица“ со РЕКОРДНА ЗАПЛЕНА на девизи и злато во вредност од 1.000.000 Евра

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото
  • Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија
  • АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

јули 1, 2025
Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

јули 1, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist