Ракометната федерација на Македонија денеска со соопштение ги извести љубителите на ракометот дека Гевгелија ќе биде домаќин, а спортската сала „26 Април“ ќе биде спортско средиште за одигрување на Супер Куп натпреварот.
Актуелниот освојувач на трофејот во Купот и шампионот „Еурофарм Пелистер“ ќе се соочат во салата „26 април“ во Гевгелија со освојувачот на Куп на Македонија 2024 РК „Алкалоид“.
Натпреварот е закажан на 4 септември, со почеток во 19:00 часот.
Натпреварот ќе биде емитуван во живо на програмата на МРТВ.
Претстојното издание на Супер Купот ќе биде седмо по ред, а првиот натпревар се играше во 2017 година.
По Скопје, Куманово, Струга, Охрид и Струмица, домаќин на Супер Купот ќе биде и Гевгелија – 7-ка за спортска СРЕЌА и на играчите и на домаќините во развој на локалниот спорт!