На Плоштад Македонија во Скопје денеска се одржа 10-тата Coca-Cola Дедомразовска трка.
Стотици учесници облечени како Дедо Мраз трчаа два километри низ градот.
Во детска конкуренција, за девојчиња, најбрза беше 9годишната Ана Бегова од Гевгелија. Таа се искачи на победничкиот пиедестал облечена во мразовска облека, а беше наградена од организаторот со победнички медал и топли чорапчиња.
Како што соопштија организаторите „Прв до врв“, на настанот имаше награди за најбрзите учесници, лотарија со новогодишни желби, новогодишни пакетчиња за децата под 10 години, музичка програма, фитнес загревање и свечена церемонија за победниците.
Ана годинава имаше успешни настапи на трките во државата и во странство и секаде освојуваше подиум. Членка е на детската школа за атлетика при АК „7 Ноември“ Гевгелија.
Честитки за најбрзата мразица од Гевгелија, нашата спринтерка Ана!