Со слоганот „Црн петок за маркетите“ денеска граѓаните повторно ги избегнуваат пазарењата во супермаркетите и големите трговски ланци.
Бојкотот е поради високите цени на храната и на овој начин граѓаните испраќаат порака до големите трговски ланци и го изразуваат незадоволстото за цените на прехраната.
Минатиот петок после бојкотот прометот во маркетите беше намален за речиси 50 проценти. Граѓаните се надеваат на уште подобар исход денеска.
Денеска бојкот има во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина (2 дена петок и сабота).
Оваа граѓанска иницијатива започна од Хрватска, а се прошири во регионот.
Според најавите следува бојкот во Грција, Косово и Бугарија.
Во Косово според најавите маркетите ќе се бојкотираат на 10 февруари, а во Бугарија на 13 февруари.