Сончевите денови се пред нас, пролетните светли денови со температурни од 20-от до 22-от степен ќе бидат присутни неделава на југот од државата.
Гевгелија и денеска има најтопло и најнадежно утро со измерена температура од 15,5 степени целзусови во 10 часот.
- „Еднаш кога ќе се наместат условите за температурна удобност. ќе трае овде со денови. Суво дури и безоблачно време. Врнежи воопшто“ – вели метеорологот Борис Секирарски.
Ваквото време во светот го нарекуваат #HeatDome (Топлотна купола) која ќе трае цела недела, засега прогнозирано, а ќе видиме и за понатаму.

Прогнозата за денеска според Управата за хидрометеоролошки работи е:
„Сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.“
Во Гевгелија денеска до 20-от степен.
Во Скопје суво, со температура до 18-от степен.
Пролетта побрза да се настани кај нас на југот, 16 денови пред нејзиниот официјален календарски настап. Нека е добредојдена и да не’ почести со убавини
Фото: Цветен аранжман на ул. „Железничка“, Гевгелија