Со сечење на црвена лента на почетокот од Старата Гевгелиска чаршија денес се одбележа завршетокот на нејзина реконструкција со реставрација и партерно уредување.
Објектот датира од XIX век и се наоѓа во срцето на Гевгелија, а изминативе месеци со инвестиција од 41 милион денари добива нов лик, нова вредност и тиристичка привлечност.
По тој повод, на пригодниот настан се обратија:
– Андон Сарамандов, Градоначалник на општина Гевгелија,
– Седат Сулејмани, Министер за култура во Владата на РСМ,
– Александар Николовски, Министер за транспорт и врски во Владата на РСМ, и
– Христијан Мицкоски – Претседател на Владата на РС Македонија.
Според градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, старата чаршија е историски белег на градот и дел од културата на гевгеличани. Toj oсвен благодарност до сите инволвирани за реализација на проектот искажа и уверување чаршијата да остане да ги чува спомените на Гевгелија, а во неа да заживее духот на дружбата на гевгеличани и да остане и понатаму туристичка атракција на градот.
Министерот Сулејмани истакна:
– „Старата чаршија во Гевгелија сега станува современо културно туристичко јадро. Владата, Министерството за култура и туризам и локалните заедници и во иднина ќе продолжат да работат на конкретни проекти кои ќе даваат конкретни резултати, зашто културното наследство не треба само да го чуваме, туку треба да го направиме живо, достапно и препознатливо за новите генерации“ – порача министерот за култура Сулејмани.

Николовски истакна дека во надлежностите на Министерството за транспорт и врски издадени се Во Гевгелија вкупно 27 одобренија за реконструкција на 27 објекти коишто навистина прекрасно изгледаат.
Во Гевгелија дополнително се инвестираат околу 165 милиони денари преку буџетот во различни проекти, дел се завршени, дел се во тек. Тука се трите големи проекти кои што се веќе завршени и кои што ги реализиравме во селата Моин, Прдејци и Богородица.
Понатаму, завршувањето на западниот булевар „Св. Климент Охридски“, тука е реконструкцијата на улицата „Железничка“, реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, „Гевгелиски партизански одреди до железничката станица, како и улицата „Новопланирана“.
Ќе продолжиме да работиме и во следниот период, да ја поддржуваме општината и заеднички со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и градоначалникот, Андон Сарамандов, да правиме уште убави работи за Гевгелија“, порачува Николоски- истакна Николовски.

Премиерот Мицкоски ја пофали работата на локалната самоуправа и изјави дека тоа е одлика на организираноста, а не на партискиот состав, посочувајќи дека Владата издвоила половина милион евра за реализација на околу 200 проекти во општините низ државата и дека ќе продолжи да ги помага.

Гевгеличани го проследија настанот со љубопитност.




















