Во Белград студентите во блокада почнаа да се собираат на неколку места во градот пред протестот закажан за денеска во 16 часот. Првично беше закажан голем протест – 15-за-15 – пред Народното собрание во Белград но, студентите на ЕТФ најавија дека локацијата се менува од безбедносни причини и дека ќе биде кај Славија. Во меѓувреме пристигна одлучиле – протестот сепак ќе биде пред Собранието, но дека бина ќе биде поставена и кај Славија, јави МИА од Белград.
Студентите во блокада се собираат на четири локации – Плоштадот на Републиката, „Автокоманда“, булеварот „Крал Александар“ и кај кружниот тек кај општина Нов Белград, каде има и група земјоделци со трактори. Демонстрантите најавија дека оттаму во колони ќе се упатат кон центарот на градот и додека траеја собирањата и подготовките – прават голема врева, скандираат „Пумпај“, свират и вувузели, носат српски знамиња и бројни транспаренти – „Барањата не се исполнети“, „Нашето лице е чисто, а вашето“.
Студентите кои од синоќа од разни правци пристигнаа во Белград со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани.
Зградите на српскиот Парламент и на белградското Собрание се опколени со метална ограда, околу нив има распоредено силни полициски сили во опрема за разбивање демонстрации, јави МИА од Белград.
Вчера ЕУ повика да се избегне насилството пред масовните протести во Србија:
– „Слободата на собирање е основно право што треба да се заштити и да се користи на мирен начин, додека безбедноста на учесниците и институциите треба да се обезбеди. Насилството мора да се избегнува“, се наведува во соопштението на делегацијата на ЕУ во Србија.