Драги сограѓани од Исламска вероисповед,
Ви го честитамe Рамазан Бајрам, Вашиот најголем празник и Ви посакувам многу здравје, радост, среќа и бериќет во животот.
Исламот и Христијанството се базираат и идеите на многу мудреци – пророци и народни учители кои се вложувале да го продуховат човештвото и преку верата да станат подобри луѓе, за повеќе човечко во човекот и за подобро човештво.
Нека нивните идеи и во иднина бидат широк мост на зближување меѓу нас во борбата за подобри и посреќни сегашност и иднина.
НЕКА ВИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ РАМАЗАН БАРАМ!
По молитвата, верниците го поминуваат остатокот од денот на средби со своите роднини и разменуваат поздрави.
Фитр Бајрам денеска се слави во Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Палестина, Судан, Јемен и Турција. Во понеделник ќе се слави во Оман, Египет, Сирија, Јордан, Алжир и Тунис бидејќи младата месечина не може да се види во овие земји.