Mинатиот викенд 24-25.05.2025 година, се возеше 5-тата трка од БМУ Источно Европски Шампионат во Мотокрос за 2025 година во Босна и Херцеговина близу Сараево во преубавото градче Крешево.
Викендов беше врнежлив во цел Балкан, па и во Босна. Но, и покрај обилните врнежи на дожд ден пред натпреварот, кои дополнително го отежнуваат возењето поради калта, тројца членови од Мотокрос клуб Гевгелија храбро и решително заминаа за Босна за да на натпреварот ги бранат боите на гевгелискиот мотокрос клуб и, очекувано се вратија закитени со награди.

Најмладиот член на клубот, 8 годишниот Драган Димов, кој се натпреварува во класата МХ-65 cc без проблеми ги совлада големите успони и падежи на патеката, и се врати дома со брозна освојувајки ТРЕТО место.

Димитар Маџунков и Саше Трајков се натпреваруваа во класата МХ (над 30 години).
Саше Трајков солидно и задоволително ги заврши и двете трки на 5-та позиција, осигурувајки ја истата позиција генерално на натпреварот.
Димитар Маџунков со блиска борба за подобра позиција успеа да заврши трет во првата трка и втор во втората трка, осигурувајки ја повисокта ВТОРА позиција на натпреварот и го завзеде подиумот за второосвоеното место.

Сите тројца тркачи се задоволни со постигнатиот успех и веќе ги припремаат своите тркачки мотори за следниот викенд, бидејќи ги очекува уште една БМУ трка, овој пат во Чачак – Република Србија.
Честитки за постигнатото. Им посакуваме понатамошен успех!