На 10-от ден од есента утрово падна првиот снег во Србија и соседството од Балканот.
На Голија е забележана обилна лапавица, а забележан е снег и на Копаоник. Во регионот, првиот снег падна на падините на Бјелашница во Босна и Херцеговина.
Според најавите на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија, во четврток и петок се очекува формирање на снежна покривка во ридските и планинските предели на јужна и источна Србија. На некои планински места се прогнозираат врнежи од 25 до 50 сантиметри снег во рок од 48 часа.
View this post on Instagram




















