МВР јавува за два претпразнични случувања на подрачјето на надлежност на ОВР Гевгелија – се случила една сообраќајка во Миравци со тешки телесни повреди, а при претрес во Стојаково лишено е од слобода едно лице.
Во полицискиот билтен е наведено следново:
На 10.10.2025 во 17:40 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на градилиште во село Миравци, гевгелиско, товарно возило „Нисан“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од Куманово, се превртело на трасата од градилиштето. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Г.А.(49) од село Стрезовце, општина Старо Нагоричане. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.
На 10.10.2025 во 11:40 часот во село Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.Ф.(43) од село Стојаково. Со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што во близина на домот полициските службеници пронашле исечени стебла од растението канабис. По преземени мерки утврдена е и локацијата од каде се исечени истите, каде биле пронајдени и предмети за нивно одгледување. С.Ф. е задржан во Полициската станица Гевгелија и во службен разговор го признал делото.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.




















