четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Kрушево ги пречека маратонците за ТОШЕ со шпалир од 500 рози

По истрчани 900 километри од спомен обележјето во Нова Градишка каде загина Тоше Проески на денешен ден пред 18 години, денес на пладне пристигнаа маратонците кои трчаа за Тоше до неговото родно Крушево. Овде беа пречекани од граѓаните со шпалир од црвени рози, 500 цветови под нозете на маратонците кои со своите стапки го донесоа ТОШЕ дома

октомври 16, 2025
in MАКЕДОНИЈА, МОЗАИК
Kрушево ги пречека маратонците за ТОШЕ со шпалир од 500 рози
0
SHARES
201
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

По истрчани 900 километри од спомен обележјето во Нова Градишка каде загина Тоше Проески на денешен ден пред 18 години, денес на пладне пристигнаа маратонците кои трчаа за Тоше до неговото родно Крушево. Овде беа пречекани од граѓаните со шпалир од црвени рози, 500 цветови под нозете на маратонците кои со своите стапки го донесоа ТОШЕ дома.

Meѓу 12-те ултрамаратонци кои пристигнаа во Крушево – на Гумење, кај вечното почивалиште на Тоше Проески, беа и гевгелиските атлетичари Влатко Семенаков и Даниел Анчев.

Related posts

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026
ФОТО: Пријатни спомени од Дојран

ФОТО: Пријатни спомени од Дојран

август 5, 2026

– „Трчаме со срце, како што пееше Тоше – со љубов кон животот и луѓето. Мене ми беше животна желба да трчам на Ултрамаратонот за Тоше и неа ја остварив“ – вели Даниел Анчев, студент по спорт од Гевгелија.
Професорот по спорт, Влатко Семенаков по трет пат го трча Ултрамаратонот за Тоше.

Maратонците пристигнуваат во Крушево

Маратонците, по 18-ти пат – колку што години поминаа од смртта на Тоше, го започнаа својот пат од Нова Градишка во Хрватска, местото каде што тој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година. Нивниот спортски подвиг полн со емоции и сеќавање за Тоше крушевчани го дочекаа со цвеќе во боите на љубовта, љубовта која ја имаше Тоше за сите, и сите негови поклоници за него.

Најстариот учесник, 73-годишниот Ангел Малинов од Загреб, учествуваше по четврти пат.

Најмладиот учесник беше деветгодишниот Даријан Капричевски, кој за првпат трчаше маратон за Тоше.
– „Сакам сите да го слушаме Тоше и да ги следиме неговите пораки“, изјави малиот Даријан.

Во овие изминати 18 години на Ултрамаратонот за ТОШЕ неизоставно учествуваат гевгелиски атлетичари. Прв беше Тодор Анчев со реализирани 10 маратони зад себе, Марјан Туртуров, Влатко Семенаков и годинава за прв пат студентот Даниел Анчев.

На Гумење каде е гробот на Тоше, опкружен со македонските илидненски великани, се собраа почитувачи на делото на Тоше од цела Македонија, но и од балканските и европските земји. Први на полон пред балканскиот музички великан беа 12-те учесници на Ултрамаратонот за ТОШЕ.

Посетителите денеска го посетија и Спомен-домот „Тодор Проески“ на Гумење. Со повеќе од 1.000 експонати поврзани со животот и делото на Тоше, овој музеј е меѓу најпосетуваните во регионот – со повеќе од еден милион посетители досега.

Маратонците во посета на Спомен куќата на Тоше во Крушево

Како се трчаше по трасата од Нова Градишка до Крушево: „За кого? За Тоше!“

Еве како изгледаше атмосферата денеска во Крушево со пристигнувањето на маратонците – ЛИНК.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ТОШЕ – 18 години непребол, 18 години неиспишани страници

Next Post

Пристигнаа есенските дождови

Next Post
Пристигнаа есенските дождови

Пристигнаа есенските дождови

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО:  Се лелее песна македонска „Јовано, Јованке“ во центарот на Белград

ВИДЕО: Се лелее песна македонска „Јовано, Јованке“ во центарот на Белград

3 години ago
Гевгелија дождовно освежена

Гевгелија дождовно освежена

7 месеци ago
Тешка сообраќајна несреќа кај Богданци, автомобил излетал од патот

Тешка сообраќајна несреќа кај Богданци, автомобил излетал од патот

3 месеци ago
ИУТЕ АКЦИЈА !!! Подгответе го вашиот автомобил за зимската сезона

ИУТЕ АКЦИЈА !!! Подгответе го вашиот автомобил за зимската сезона

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist