Во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, синоќа се одржa промоција на збирка песни од ученици при СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгеија, насловена „Многугласие“. Настанот претставува уште едно сведоштво за творечката енергија и уметничкиот израз на младите генерации во Гевгелија.
Проектот опфати ангажирање на уметничко-поетскиот потенцијал на учениците, селекција на најуспешните поетски творби, како и печатeње и издавање на самата збирка.
Пред публиката се претставија со своите поетски дела 16 ученици: Мила Тунџева, Боркица Ѓорѓиева, Данче Стоименовска, Емилија Ванчева, Валентина Стојанова, Илија Икономов, Марија Трифуновска, Костадин Узунов, Ана Кундурџиева, Ана Милевска (во интерпретација на Јован Грозданов), Софија Стојанова, Елена Анчева, Михаела Костадинова, Виолета Василева, Весна Папучиева и Ангела Ручкоманова.

Промоцијата ќе биде збогатена со музички настапи на ученици од Музичкиот оддел при СОУ „Јосиф Јосифовски“ под менторство на професорот по музичко образование, м-р Илија Атанасов, кои со своите изведби придонесoa за целосно уметничко доживување на вечерта.
Публиката уживаше во изведбите на композициите „Елелица, пепелица“ (Ристо Аврамовски), „Што ми е мило“ (Daniel Hughes) и „You Raise Me Up“- Rolf Lovland. Посебен впечаток остави и Маријана Митровиќ, која ги покажа своите вокални способности со изведбата на песната „Oscar Winning Tears“ од Reya.

Ментори на учениците кои се опфатени со сопствена поезија во збирката, се професорите по македонски јазик и литература: Жаклина Атанасова, Даниела Џишева, Бисерка Макреска, Славица Маркова, Тања Чугунцалиева, Вања Манчева и Тони Аврамов. Тие со својата посветеност и педагошки пристап го поттикнаа литературниот израз и љубовта кон пишаниот збор кај учениците.
Настанот се реализира со поддршка од Општина Гевгелија, како дел од активностите што го афирмираат младинското и културното творештво во рамките „Гевгелија град на културата за 2025 година“.



















