НАЈВИСОКОТО ДОСТИГНУВАЊЕ неделава го оствари 7 годишниот ЈОВАН МАНДАЛОВ кој се искачи на врвот К-92, на Кожуф планина висок 2.171 мнв.
Тој беше во друштво на 30 членови на ЗПСК „Кожуф“ – Гевгелија уживаајќи во есенските бои и свежината на Кожуф, искачувајќи ги и врвовите Порта и Греда.
Додека некои неделава ги броеја гласовите, победите, успесите, денови до исплата на плата… Јован ги брои врвовите кои ги искачил со своите повозрасни колеги, планинари.
Досега, со своето 2 годишно планинарско искуство како член на ЗПСК “Кожуф” ги има искачено сите врвови на гевгелиската планинска убавица и 4 врвови над 2000 метри. Гордост му е искачувањето на Кораб, највисокиот врв во Македонија (2.764 мнв).
Одлучно, спремно, со младешка сила и насмевка Јован освојува врв по врв 🌄
Нека расте и напредува!























