четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Денес се празнува Митровден, во с.Смоквица селски панаѓур

Празникот посветен на Свети Великомаченик Димитриј во с.Смоквица гевгелиско е селски панаѓур и домашна слава за многумина Митревци

ноември 8, 2025
in ФОКУС
Денес се празнува Митровден, во с.Смоквица селски панаѓур
0
SHARES
492
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денот 8 ноември во православниот календар е посветен на Свети Великомаченик Димитриј, или во народот познат како Митровден. Празникот се слави на целиот Балкански Полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата).

На ден пред Митровден во селската црква Св.Димитриј во Смоквица вчера беше приготвен заеднички ручек за тамошните жители, гости и помошници во уредувањето на црковниот објект, камбанаријата, дворот…
Се набавија две јагниња, се заклокотија котлите со месо и ѓувеч, се спремија софрите и се сладеа заеднички гостите за добро, за здравје, за бериќет, за се’ да е напомош Св.Димитриј.

Related posts

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026
Готвење под црковниот чардак за селската слава
Жители на Смоквица го слават Св.Великолаченик Димитриј

Црквата „Свети Димитриј“ во Смоквица е изградена во првата половина на XIX век, односно околу 1830 година, а била обновена во 1905 година од страна на градителската дружина на познатиот неимар, резбар и зограф Андон Китанов.
Била прогласена за културно наследство на Македонија со решение од 7 мај 2003 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.
Црквата е во надлежност на Гевгелиското Архиерејско намесништво, негорска Парохија.

Инаку, празникот Митровден освен вообичаениот обичај на носење леб и вино в црква (каде се осветува лебот), празникот се одбележува во семејството и за него не се поврзани некои посебни обичаи или обреди. Вечерта пред празникот се прави „заслуг“ (од заслужување) или „кана“ (од канење), при што поблиските се канат со лепче или со некој друг предмет. На денот на славата се дава ручек на кој се служат мрсни јадења, освен ако прзникот падне во ден кога се пости. Исто така, на гости се оди и следниот ден, претпладне. Инаку, сите луѓе кои се викаат Димитар, Димитрија, Диме, Митре или некоја друга варијанта, на овој ден слават именден, кој се прави навечер.

Среќна слава славеници, среќен именден именосци, среќен панаѓурски ден смоквичани!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Две победи на ветеранките „Југ“ од Гевгелија на ИТ во Србија

Next Post

Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка во Гевгелија

Next Post
Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка во Гевгелија

Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

2 недели ago
Гевгелиска „РАСПЕАНА ЧАРШИЈА 2025“

Гевгелиска „РАСПЕАНА ЧАРШИЈА 2025“

1 година ago
Победнички пехар за „Кожуф“ Гевгелија на турнир во Грција

Победнички пехар за „Кожуф“ Гевгелија на турнир во Грција

3 години ago
Новак се врати на местото No 1 со 22та освоена Грен слем титула на Австралија опен

Новак се врати на местото No 1 со 22та освоена Грен слем титула на Австралија опен

4 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist