сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

„7-мо ноемвриска Благодарница“ за Влатко Семенаков од Општина Гевгелија

ноември 9, 2025
in СПОРТ, ФОКУС
„7-мо ноемвриска Благодарница“ за Влатко Семенаков од Општина Гевгелија
0
SHARES
293
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

На свечената седница на Општина Гевгелија по повод општинскиот празник, 7-ми Ноември, беа доделени празнични „Седмоноемвриски Благодарници“ на граѓани кои во изминатиот период се истакнаа со својот труд и резултати во различни области, афирмирајќи ја Гевгелија.

М-р Влатко Семенаков, професор по Спорт и спортски активности и тренер по атлетика и тенис, го доби ова признание за континуиран придонес во спортот и афирмација на Гевгелија на национално и меѓународно ниво.

Related posts

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Тој има учествувано на бројни Државни и Меѓународни натпревари во: Грција, Србија, Хрватска, Италија и Македонија, меѓу кои ултрамаратони, триатлони, Балкански првенства и Меморијалниот маратон за Тоше Проески. Добитник е на Признанието „Плакета за најдобар спортист во 2024 година“ од порталот GevgelijaNet.com.

Во образложението за ова признание за М-р Семенаков од Општината наведуваат: „Со своето активно спортување и преку воспитување на младите спортисти, м-р Влатко Семенаков континуирано придонесува за афирмација на спортската култура и промоција на Гевгелија како град кој го вреднува трудот, посветеноста и постигнатите резултати во спортот. Неговата работа ја афирмира спортската култура во градот и го промовира како средина со посветени професионалци во спортот“.

Семенаков ја прима Благодарницата од градоначалникот на Општината, Сарамандов

Нашата редакција изразува задоволство што и после 11 месеци од прогласувањето на Семенаков за најдобар спортист од Гевгелија за 2024 година и доделена ПЛАКЕТА од порталот GevgelijaNet.com ова признание Семенаков го потврди и годинава на спортските терени, а Општината уште еднаш го вреднуваше како спортист за пример и достоен за „7-мо ноемвриска Благодарница“.

Честитки за м-р Семенаков, нека продолжи со спортските заложби и резултатите!

Спортската редакција на GevgelijaNet.com следејќи ги спортските настани во општината Гевгелија и регионот во текот на 2024 година, со се’ присутноста во спортските натпревари, со постигнатите резултати и како спортист, атлетичар, и како тренер и професор по спорт го прогласи Влатко Семенаков за спортист на 2024 година, за неговиот придонес во афирмацијата на спортот, на спортска Гевгелија и активација на младите и децата во спортот, за што на 22 февруари му додели ПЛАКЕТА за најуспшен спортист од Гевгелија за 2024 година.

Доделена ПЛАКЕТА за Најуспешен спортист од Гевгелија за 2024 на Влатко Семенаков

Претходно, на 4 јануари 2025 година Влатко Семенаков беше прогласен за Најуспешен спортист во општина Гевгелија за 2024 година од спортската редакција на GevgelijaNET:

Влатко Семенаков – најуспешен спортист од Гевгелија за 2024

ShareTweetShareSend
Previous Post

ДУШАН ПЕТРОВ од ФК „Кожуф“ доби повик за репрезентација U-14

Next Post

Златен Медал за Трајко Илиев од Негорци на Меѓународен саем за мед во Тузла

Next Post
Златен Медал за Трајко Илиев од Негорци на Меѓународен саем за мед во Тузла

Златен Медал за Трајко Илиев од Негорци на Меѓународен саем за мед во Тузла

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Присилна наплата на комуналната такса од Општина Гевгелија во следната 2023 година

Присилна наплата на комуналната такса од Општина Гевгелија во следната 2023 година

4 години ago
Одбележување на Св.Пантелејмон, заштитникот на село Ума, исцелител и маченик

Одбележување на Св.Пантелејмон, заштитникот на село Ума, исцелител и маченик

3 години ago
Стојанче Стефанов е 62-ра жртва од трагедијата во „Пулс“ во Кочани

Стојанче Стефанов е 62-ра жртва од трагедијата во „Пулс“ во Кочани

1 година ago
Исчистен патот и каналот крај патот за с.Ума

Исчистен патот и каналот крај патот за с.Ума

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist