Ова е наслов со кој неделава малата 11 годишна Ана Бегова од Гевгелија ги полни страниците на македонските национални портали за тројното достигнување на трките „November Run“ во Гевгелија, Прво место на детската трка, 12 место во категорија сениори на 5 километри жени, Второ место екипно на 5 км како член на женскиот тим АК „7 Ноември“ Гевгелија.
Ана Бегова од Гевгелија уште од мали нозе освојува награди и со причина е нарекувана „бисер и иднина на македонската атлетика“.
Изминатиот викенд, 11-годишното девојче ја истрча 5-километарската трка на November Run во Гевгелија за само 22 минути, освојувајќи го 12-тото место во генералниот пласман.

За нејзиниот успех објави тренерот Игор Јакимовски, кој тренира со атлетичарот Дарио Ивановски, најдобриот македонски маратонец, олимписки претставник на Македонија на ОИ во Париз 2024 година. Тој сподели фотографии од Ана и напиша:
Замислете…
Девојче родено 2014_та година , односно на 11 години возраст трча во сабота 1 км за 03.53 и победува во својата категорија на детските трки, а веќе следниот ден храбро трча 5 км со возрасни за финиш време од точно 22 минути (04.24 пејс) и внимавајте…
Освојува 12_то место во генерален пласман!!!
Просто неверојатно за девојче на 11 години возраст.
Видовте, слушнавте, прочитавте за Ана некаде?
Го забележа некој овој момент од цела наша атлетска фела во Македонија?
Ако не, тогаш сите заедно да и помогнеме на свој начин за најголемиот бисер и иднина на македонската атлетика.
Браво за Ана, браво и за тренерите во АК 7ми Ноември“ – напиша тренерот на нашиот Олимписки маратонец Дарио Ивановски, Игор Јакимовски за АНА БЕГОВА од Гевгелија.
Ана освои и прво место на Детската трка во својата категорија.

Спортската редакција на GevgelijaNET го препозна потенцијалот на Ана Бегова и оваа година во март и’ додели ПЛАКЕТА за најнадежна млада спортистка од Гевгелија за 2024 година, заради бројните постигнати резултати како дете-спортист, дете-атлетичар, заради бројните освоени трофеи, заради младешкиот елан и инстинкт за нови победи.
Доделена ПЛАКЕТА за „Најнадежна млада спортистка од Гевгелија за 2024 година“ на Ана Бегова
Ана е дете, уште расте и веруваме дека може и повеќе – ќе слушаме и читаме уште за неа и нејзините ПОБЕДИ!


















