На 59 годишна возраст почина д-р специјалист гинеколог Венци Чалков од Гевгелија.
На социјалните мрежи веќе се простуваат познаници, сограѓани, пациенти од него, некои со благодарност за лекарските услуги и изведената бременост до крај со среќно родени принови за семејството.
Д-р Чалков е роден гевгеличанец, студираше Медицински Факултет на УКИМ, беше вработен во Општа Болница Гевгелија со проширена надлежност, еден период замина како специјалист да обавува лекарска дејност од својата специјалност во Болницата во Струмица.
Чалков беше сакан сопруг и посветен татко.
Еда деценија го прогонуваше судскиот процес за родилката Маја Кадиева од Дојран, која почина по изведен царски рез во болницата во Гевгелија, при што почина и нејзиното бебе, тоа беше на 22 октомври 2015 година, Доктор Чалков беше обвинет за небрежност во дејноста заедно со вториот гинеколог Дончо Москов од Струмица, со анестезиолозите Томче Ванчев и Зоран Јовановски. Анестезиолозите починаа во текот на судскиот процес. Чалков почина два дена по објавата на веста од Врховниот суд на Македонија дека е прогласен за виновен за смртта на родилката Кадиева и нејзиното бебе и му беше определена мерка ефективен затвор во траење од 10 месеци.
На социлалните мрежи Чалков изминатиот ден ги споделуваше своите примени благодарници, признанија, од задоволни пациенти.
Порачуваше дека децата се богатство и треба да се чуват:
Д-р Чалков беше посветен верник. Зад себе остави неутешно семејство за предвремената загуба.
Нека најде мир и Божја закрила. Сочувство до семејството.




















